27/08/2026
Монте Кристо сендвич
Денес ви спремивме превкусен Монте Кристо сендвич – крцкав и златен однадвор, а внатре полн со топен кашкавал и салама.
Состојки:
* 3 парчиња леб
* салама
* кашкавал
* 1 лажичка сенф
* 1 лажичка мајонез
* 1 лажичка кечап
* 1 јајце
* малку млеко
Подготовка:
Прво ги мешаме сенфот, мајонезот и кечапот. Секое парче леб го премачкуваме со сосот, па ставаме салама и кашкавал и го преклопуваме сендвичот.
Во сад матиме 1 јајце со малку млеко. Сендвичот убаво го потопуваме во смесата од сите страни и го ставаме да се пржи.
Најважниот дел е да се пржи на тивок оган. Го пржиме од секоја страна околу 5–10 минути, додека не добие убава златна боја. Така лебчето нема да изгори однадвор, а кашкавалот внатре убаво ќе се стопи.
На крај го сечеме, сервираме и уживаме.
Зачувајте го рецептот и пробајте го дома.
♥️