06/01/2023
Честит Бадник!
Неколку совети за одржување на дрвениот под без разлика дали се работи за класичен паркет, масивен под или трослојни подови/паркети, основните правила за одржување на дрвените подови се исти. Дрвените подови се исклучително убав, класичен и вреден додаток на секој простор. Сепак, тие бараат посебна грижа за да изгледаат убаво низ години.
-Редовно поминување со правосмукалка.
Се препорачува барем еднаш неделно. Ако во вашето семејство имате мали деца или домашни миленичиња тогаш подобро е тоа да го правите и почесто. Со редовното вакумирање на паркетот се отстранува прашината, влакната и трошките. Ваквата нечистотија може да предизвика мали гребнатини на завршниот слој на паркетот, односно лакот, со текот на времето да изгледа истрошено и да му недостасува сјај.
Важно е да се вакумира со мека четка за да се избегне оштетувањето на лакот или маслото.
-Бришење на паркетот со влажна крпа.
Покрај чистењето со правосмукалка, составен дел од одржувањето е и бришењето на дрвените подови со влажна крпа. Добро познат факт е дека подовите од цврсто дрво мора да бидат заштитени од вода/влага. Поради оваа причина, се препорачува да се користи крпа од микрофибер за бришење на паркетот. Овој тип на материјал задржува помалку вода во споредба со памукот, полесно се цеди, па затоа не треба да предизвика претерано мокрење на подот.
-Внимателно со хемиски сретства.
Кога станува збор за избор на производи за чистење на дрвени подови, секогаш се препорачува да не се користат силни хемикалии бидејќи може да доведат до оштетен лак или масло.
Препорачано сретство за дрвениот под е политура за под/мебел.
-Обновување на стар паркет.
Во зависност од начинот на користење, односно количината на абење, потребно е да се организира професионално одржување на дрвените подови. Во случај на паркет, доколку штетата не е голема, доволно е само да го полирате стариот лак и да нанесете една „рака“ нов, завршен слој. Во случај на поголеми оштетувања и/или распаѓање, потребно е да се иструга паркетот, повторно да се нанесе смесата за фугирање и да се лакираат сите три слоја на лак.
Придржувајќи се до овие едноставни совети, животниот век на дрвените подови се продолжува и им овозможува да изгледаат како нови со години! Можноста за поправка е една од најголемите предности и убавина на масивните дрвени подови.