24/06/2026
2. ДРИМОН | 2025 | комбинирана техника, бакар и боја | 38 × 65 см
( прва фаза - ЗАЧЕТОК)
Црн Дрим е првиот здив на езерото, водата што го поврзува тивкото со
движењето.
Од изворите во Свети Наум, низ Охридското Езеро, па сè до истекот кај Струга,
реката минува меѓу Галичица и Јабланица, две планини, две стражи на еден
животен пат.
Таа симболизира движење, насока, истекување од внатрешното кон
надворешното. Животот почнува со мир, но веднаш потоа тече.
-автор, Кирил Наумоски Kiril Naumoski
🪧Овој текст е извадок од циклус лирска проза инспирирана од ликовните дела од концептот "Приказ на животот преку виното"
🗝️© 2025 Данче Наумоска
и Кирил Наумоски
Текстовите и ликовните дела се заедничка авторска сопственост.
Секое неовластено користење, копирање или репродуцирање е забрането без писмена согласност од авторите.
#вода #зачеток