Вкусот на природата

Вкусот на природата Рецепти| Вегански| Вегетаријански| Сезонски |Билки и нивна примена 🌱

Сируп од цвет од дива жалфија 🌸 Потребни состојки :• 1 литар вода • 1 килограм шеќер• 10-15 гранки со цветови од жалфија...
12/07/2023

Сируп од цвет од дива жалфија 🌸

Потребни состојки :

• 1 литар вода
• 1 килограм шеќер
• 10-15 гранки со цветови од жалфија
• сок од 2 лимони

Во сад на оган ставете ги водата и шеќерот. Кога ќе почне да врие тргнете го садот од оган и додадете ги гранките со цветови од жалфија. Оставете да одстои 12 часа. Процедете го добиениот сируп и во него додадете го сокот од лимон.
Може да се пие чист или како дел од некој летен коктел.

На здравје 🍹

#жалфија

Подгответе вкусен прилог од само две состојки 🌿• кашкавал • листови од жалфија Исечете го кашкавалот на парчиња и завитк...
11/07/2023

Подгответе вкусен прилог од само две состојки 🌿

• кашкавал
• листови од жалфија

Исечете го кашкавалот на парчиња и завиткајте го во листовите од жалфија. Завитканите парченца боцнете ги со чепкалки за да не се отворат при пржењето. Пржете во маслиново масло минутка две и готови се :)

На здравје 🌿

#вкусно #вкуснахрана #жалфија

Мирис на дива жалфија 🌸🥰
02/07/2023

Мирис на дива жалфија 🌸🥰

Тестенини во песто сос од жалфијаПотребни состојки :• 300 гр. тестенини• песто сос со цветови од жалфија • 100 мл. хопла...
02/07/2023

Тестенини во песто сос од жалфија

Потребни состојки :

• 300 гр. тестенини
• песто сос со цветови од жалфија
• 100 мл. хопла солена
• 5 шери домати исечени на половина

Сварете ги тестенините . Исцедете ги убаво и додадете го песто сосот ( види рецепт во објавата подолу) , хоплата и шери доматите.
Измешајте убаво и послужете додека се топли.
Брзо лесно и многу вкусно 😊

На здравје 🌿

#вкусно #пестосос #жалфија

Песто сос со цветови од дива жалфија Потребни состојки:• 2 раце цветови од дива жалфија• 4- 5 листови од дива жалфија• 1...
30/06/2023

Песто сос со цветови од дива жалфија

Потребни состојки:

• 2 раце цветови од дива жалфија
• 4- 5 листови од дива жалфија
• 100 гр. индиски ореви
• 50 гр. рендан пармезан
• 4 чешниња лук
• 60 мл. маслиново масло
• сол и црн бибер по вкус

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете убава хомогена смеса.

На здравје 🌿

#песто #пестосос #жалфија

Лате со коприва ☕Совршен начин да го започнете денот 🌿🌿Потребни состојки : • 250 мл млеко• 1 лажица коприва во прав• 1 м...
28/06/2023

Лате со коприва ☕
Совршен начин да го започнете денот 🌿🌿

Потребни состојки :

• 250 мл млеко
• 1 лажица коприва во прав
• 1 мала лажичка кокосово масло
• 1 стапче цимет
• 1 лажица мед

Во сад на оган ставете го млекото и останатите состојки . Кога млекото ќе стане жешко ( не да врие) тргнете го од оган и оставете да одстои десетина минути.
Стапчето цимет извадете го од млекото. Потоа млекото ставете го во блендер и блендирајте минутка две за да добиете пенеста структура.
Вака подготвено млекото ставете го во чаша ,посипете од копривата во прав или цимет .

На здравје ☕

П.С. Уживајте во вкусот на ова лате заедно со вашите малечки ,сигурна сум дека ќе им се допадне .Моите го обожуваат 👦👧

#лате #здравје

Коприва во правБогата со витамин Ц и А, железо, калциум,калиум, магнезиум, фосфор, маснотии и амино киселини. Го подобру...
26/06/2023

Коприва во прав

Богата со витамин Ц и А, железо, калциум,калиум, магнезиум, фосфор, маснотии и амино киселини.
Го подобрува системот за варење, прави детоксикација на организмот, го регулира шеќерот во крвта, го штити црниот дроб од токсини.
Овие и уште многу други причини зошто копривата треба да ја има почесто на нашето мени .
Еден од начините како да ја зачувате копривата за да може да ги уживате нејзините благодети преку цела година е да ја претворите во прав.
Соберете врвови од млади коприви , исушете ги. Потоа во мелница за кафе или сецко сомелете ги исушените коприви.
Сомелените коприви просејте ги низ сито . Повторете неколку пати за да го исчистите правот од останатите покрупни парченца коприва.
Додате го во смути, супи, колачи изборот е ваш.

Здравје пред се 🌿

#здравје #билки #коприва

Како сами да си направите масло од билки (мацерат)Овој период од годината изобилува со билки кои можеме да ги искористим...
19/06/2023

Како сами да си направите масло од билки (мацерат)

Овој период од годината изобилува со билки кои можеме да ги искористиме за подготовка на масла од билки кои понатака ќе ги користиме како дел од салати или како дел од многу благотворни мелеми, креми ,лабела и слично.

Припремата е едноставна .

Секоја билка има различни лековити својства, во зависност од потребата изберете ја вашата.
🌱Во стаклен сад ставете од билките. Јас секогаш ставам суви билки (освен кантарионот) ,на тој начин ја избегнувам можноста вишокот влага да создаде мувла или бактерии со што би се расипало маслото или би се намалил квалитетот како и рокот на траење на мацератот.
🌱Прелијте ги билките со избраното масло.
Како база може да употребите маслиново масло, ладно цедено сончогледово, бадемово масло . Изборот е ваш .
🌱Затворете со капак , протресете го садот и ставете го да стои на сонце 4 до 6 недели . Промешувајте повремено.
После овој период процедете го маслото и соберете го во темни шишиња.

#мацерат #билки #здравје

Леден чај од бела детелина ☘Една од омилените активности како деца ни беше барање детелина со 4 листа, верувавме дека ќе...
15/06/2023

Леден чај од бела детелина ☘

Една од омилените активности како деца ни беше барање детелина со 4 листа, верувавме дека ќе ни донесе среќа .

Но што навистина може да ни донесе .
Богата со витамини А, Б2, Б3, Ц и Е, како и магнезиум, калиум, хром и калциум, белата детелина често се користи како природен лек во заедниците ширум светот.

Чајот од бела детелина може да го зајакне имунолошкиот систем и да лекува треска и кашлица. Добар е и за лекување на симптоми на обична настинка, како што се затнат нос и главоболки. Билниот чај од бела детелина може да ги лекува и ревматските болки и болките во зглобовите. Може да се употребува и како антисептик за миење очи при лекување на мали инфекции на очите. Или, листовите може да се нанесат како лапа за заздравување на надворешни рани, изгореници и чиреви.

Се на се големи се придобивките од оваа ☘, затоа во следна прилика направете си леден чај .

Потребни состојки:

• цветови од бела детелина
• вода
• мед или друг засладувач по желба
• лимон по желба

Цветовите од бела детелина ставете ги во сад и прелијте ги со врела вода. Оставете да одстојат половина час. После половина час процедете, засладете со засладувач по ваш избор, додадете коцки мраз и лимон по желба .

На здравје 🫖🍀

#чај #здравје

Овој викенд беше исполнет со прекрасни мириси и вкусови на природа.Покрај мирот, чистиот воздух и звуците на природата ,...
12/06/2023

Овој викенд беше исполнет со прекрасни мириси и вкусови на природа.
Покрај мирот, чистиот воздух и звуците на природата , стигнавме и да собереме и кантарион, мајчина душица, црвена детелина, бела детелина, бозел и неколку вкусни букети од плускавци 🍓

Дали и вие успеавте да понесете барем мал дел од природата со себе ? 🌿

#билки #чај #природа #природно

Сируп од цвет од бозел 🌸Потребни состојки:• 40 цветови од бозел• 4 литри вода• 6 лимони• 4 кг шеќер • 2 лимонтуси Цветов...
10/06/2023

Сируп од цвет од бозел 🌸

Потребни состојки:

• 40 цветови од бозел
• 4 литри вода
• 6 лимони
• 4 кг шеќер
• 2 лимонтуси

Цветовите ставете ги во длабок сад, додадете ја водата и исечените лимони. Покријте го садот и оставете да стои на собна температура 24 часа.
После 24 часа процедете ја течноста низ газа, ставете ја во тенџере на оган. Додадете го шеќерот и лимонтусот и варете додека шеќерот не се стопи.
Соберете го во чисти и дезинфицирани шишиња.
Послужете го растворен со обична или газирана вода , декорирајте со кришка лимон 🍋
Вака подготвениот сируп чувајте го во фрижидер и ќе може да уживате во неговиот вкус неколку месеци.
Доколку имате поголема количина од сирупот може и да го замрзнете и така да го чувате до следна употреба.

На здравје 🍹

#бозел #домашно #вкусно #веганрецепти

Nocino 🍷 Италијански ликер од зелени оревчињаРецептот за овој вкусен ликер потекнува од Италија. Направен од млади зелен...
08/06/2023

Nocino 🍷 Италијански ликер од зелени оревчиња

Рецептот за овој вкусен ликер потекнува од Италија. Направен од млади зелени оревчиња, со зачинет, сладок вкус и со мала доза горчина ( слично како нашата позната ореовка :) )
Можете да го употребите како дел од некој коктел, како прелив на сладолед или самостојно како аперитив.

Потребни состојки :

• 35 зелени оревчиња
• 1 литар вотка
• 2 стапчиња цимет
• 5-6 каранфилчиња
• кора од 1 лимон
• 1стапче ванила
• 500 гр шеќер

Оревчињата убаво измијте ги и исушете ги со кујнска хартија. Исечете ги по должина на 4 дела. Внатрешноста на оревите треба да е мека и бела . Доколку има темни дамки во срцевината не ги употребувајте. При сечењето на оревите користете ракавици да не завршите со обоени раце како мене :) .
Исечените ореви заедно со зачините, кората од лимон, шеќерот и вотката ставете ги во стаклен сад затворете со капак и протресете го за состојките убаво да се измешаат.
Вака подготвената содржина ставете ја да стои на сонце 2 месеци, промешувајќи ја секој ден.
Течноста на почеток е светло зелена , како поминува времето станува потемна , маслинесто зелена за на крај на вториот месец да биде скоро црна боја.
После 2 месеци процедете го ликерот низ газа и соберете го во стаклени шишиња.
Доколку можете, оставете го да одстои неколку месеци , најмалку 6 . Вкусот станува подобар со времето.
Совршен за божиќните празници 🍷
На здравје 🥂

#ликер #домашно

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Вкусот на природата posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share