12/06/2026
За Моника и Кристијан 💐
Краток есеј за букетот:
Моника го фрли букетот и свадбата заврши. Но, она што не го очекуваше е да го види повторно нејзиниот букет после еден месец, во различна форма. Една од нејзините другарки реши да го донесе кај мене букетот на зачувување, во согласност со девојката која што го фати букетот. Па така, после скоро цел месец, Моника си ја доби сликата од нејзиниот букет, сега веќе хербаризиран и наменет да трае долго и да му се восхитува одново. Реакцијата на Моника беше непроценлива, а исто и радоста на девојката што го фати букетот која што си доби мала слика од него и ќе и остане како спомен.
Ако некој ме праша зошто почнав да го работам ова, ќе му ја раскажам оваа прекрасна емотивна приказна, која е одлика на радоста на малите и едноставни дела кои може да ги направиме едни за други. 🫶
Благодарност до сите кои беа дел од ова изненадување. 🤍💚
Со љубов,
Христина