23/06/2026
Пред очите на Европа: Гордо и достоинствено го презентираме врвното македонско творештво и природно богатство пред највисоките претставници на европската правда. 🇪🇺🇲🇰
За време на официјалниот прием на високата делегација од Врховниот суд на Европа, во присуство на Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, имав извонредна чест и одговорност лично да го презентирам и подарам највредното од нашата земја.
Како уметник кој твори на ова поднебје, мојата најголема инспирација е светот да ја запознае автентичната македонска приказна.
На Претседателката ѝ подарив рачно изработена филигранска пеперутка со македонски рубин.
Пред високите европски гости со гордост го претставив овој скапоцен камен кој е вистински природен феномен и раритет — единствен на тлото на Европа со својата специфична малина боја, кристализиран во пазувите на најквалитетниот прилепски мермер во светот.
Како уметник со благороднички корени од династиите Петровиќ-Његош и Романови, верувам дека преку чувањето на овој занает го етаблираме македонскиот идентитет на највисоко рамниште.
Голема благодарност до Претседателката и до високите претставници на европскиот правосуден врв за вниманието, почитта и поддршката кон македонската уметност, култура и природни реткости.
#Македонија #Дипломатија #МакедонскиРубин #ПрироденФеномен Филигран Претседател КултурнаДипломатија Традиција