14/08/2026
🫑🍆МАЛИЏАНО со вкус и мирис на нашата традиција , направено во удобноста на твојата кујна ? СЕКАКО ДЕКА Е МОЖНО!
ЕВЕ КАКО ДА СИ ГО НАПРАВИШ. ❤️
Најпрво да ви кажам дека најтешката работа, односно мелењето, овојпат се заврши лесно, брзо и едноставно – со помош на Delimano Македонија апаратот за мелење .
Апаратот сам си меле, без никаков напор, и за многу кратко време добивате совршено мелен зеленчук. Јас го користам и за свежо мелење месо, но овојпат, за зимницата, мислев дека главниот помошник ќе биде баш овој апарат. ❤️
Кога сме кај малиџанот, ви требаат убави зелени пиперки од сортата капија и модри патлиџани.
ЕВЕ ГО РЕЦЕПТОТ:
🔸 4 кг меснати зелени пиперки
🔸 3–4 кг модри патлиџани
🔸 Околу 600 мл масло
🔸 150 мл оцет, по можност вински
🔸 150 г шеќер
🔸 100 г сенф
🔸 Сол по вкус
Најпрво во плех наредете ги пиперките и патлиџаните и испечете ги. Јас пиперките ги испеков на двапати, а модрите патлиџани во еден плех.
Печените зеленчуци ставете ги во кеса и затворете ги, па оставете ги да стојат додека не се подоладат.
Потоа излупете ги и исчистете ги од семките.
Така исчистени, ставете ги во цедалка убаво да се исцеди вишокот вода.
Со помош на апаратот за мелење измелете ги зеленчуците .
Во длабоко тенџере ставете масло да се загрее
Откако ќе се загрее, додадете ги мелените пиперки и модри патлиџани.
Пржете околу 45 минути до 1 час, со повремено мешање.
При крај додадете ги оцетот, шеќерот, солта и сенфот.
Пржете уште кратко, додека сите состојки убаво не се соединат.
При крај на пржењето, убаво измиените тегли ставете ги во рерна на ниска температура да се загреат.
Во врелите тегли собирајте го врелото малиџано и убаво затворајте ги теглите.
Превртете ги теглите, завиткајте ги во ќебе и оставете ги да стојат најмалку 12 часа.
На овој начин малиџаното е убаво подготвено и безбедно за чување и во текот на цела зима. 😊❤️