Буфко

Буфко Читај, цртај, креирај!
Стихови и приказни за деца, илустрации и креативни проекти, уметност и забава

Малото пингвинче 🙂🐧
03/03/2024

Малото пингвинче 🙂🐧

Забавувајте се со оваа колекција од 15 смешни гатанки и 15 смешни илустрации🤓 Може да ја најдете во повеќето поголеми кн...
28/07/2022

Забавувајте се со оваа колекција од 15 смешни гатанки и 15 смешни илустрации🤓 Може да ја најдете во повеќето поголеми книжарници или онлајн на https://www.mitra.mk/product/chudna-shuma-gatanki-mali-odgovor-im-fali-1/
A доколку веќе сте ја прочитале пишете во коментар која гатанка ви е омилена 👇😁

🍒 ОБЕТКИ И ТЕТКИ 🍒Кога пролеттаЌе долетаНашата црешаЌе се втури обеткиЗа стрини и теткиМоже и за некој баткоКој сака даИ...
02/03/2021

🍒 ОБЕТКИ И ТЕТКИ 🍒

Кога пролетта
Ќе долета
Нашата цреша
Ќе се втури обетки
За стрини и тетки
Може и за некој батко
Кој сака да
Изгледа слатко
Горди се овие обетки
Што ќе разубават тетки
Горди се и тие што
Ќе блеснат кај некој батко
Од оние што ќе останат
Тетките прават слатко.

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

🎭 ТАЖЕН МАСКЕНБАЛ 🎭Си бил еден маскенбал,ниту голем ниту мал.Тој се правел малку важен,оти бил маскенбал,ама маскенбал -...
28/02/2021

🎭 ТАЖЕН МАСКЕНБАЛ 🎭

Си бил еден маскенбал,
ниту голем ниту мал.
Тој се правел малку важен,
оти бил маскенбал,
ама маскенбал - тажен.
Затоа робот умна глава,
кловн со светска слава,
доктор против грип,
зајко, ама без џип и
принцезата Анастасија,
сите од земја Фантазија,
му дошле, нека прости,
неканети - на гости.
Сега маскенбалот
не е тажен,
како него никој не е,
по цел ден е весел и се смее.

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

🥪🌳 ИЗЛЕТАРСТВО 🌳 🥪Сам да одишНа излетНе го биваГарант ќе теПречека магла сиваЗатоа најди друштвоСпроти себеНема да му е ...
25/02/2021

🥪🌳 ИЗЛЕТАРСТВО 🌳 🥪

Сам да одиш
На излет
Не го бива
Гарант ќе те
Пречека магла сива
Затоа најди друштво
Спроти себе
Нема да му е здодевно
Нему а богами и тебе
Со дружба
Кога на излет се оди
Тоа другарство
ново ќе роди
Затоа каде и да одиш
Какво и да е тоа
Излетарство
Не оди брат
Без другарство.

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

⭐🌕 ЈATO ОД ЗЛАТО 🌕⭐Изгреала МесечинаПо небото ездиСе распрснале околу неаБезброј ѕвездиПлови МесечиноДа видиш далиСе на ...
23/02/2021

⭐🌕 ЈATO ОД ЗЛАТО 🌕⭐

Изгреала Месечина
По небото езди
Се распрснале околу неа
Безброј ѕвезди
Плови Месечино
Да видиш дали
Се на број
Ѕвездичките рој
Ако некоја фали
Мора да е на гости
Кај децата мали
На родендени
Сјај им дарува
Срамежливо
Другарува
Потоа се враќа
Во своето јато
Блеска цела ноќ
Како да е од злато.

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

ТОЈ БИ САКАЛ СЀ ДА ЗНАЕТој би сакалСѐ да знаеЗошто вакаКој од кај еКаде имаТака и такаКога e оваТокму вакаКако тукаШто т...
21/02/2021

ТОЈ БИ САКАЛ СЀ ДА ЗНАЕ

Тој би сакал
Сѐ да знае
Зошто вака
Кој од кај е
Каде има
Така и така
Кога e ова
Токму вака
Како тука
Што така
Таму чука
Знаење збира
Од сите страни
Го чува и она
Од лани
Не во фиока
Нит во подрум
Туку во својот ум
Сака да знае
Тортите какви се
Во Данска
Каде е најслатката
Лимонада ланска
Каква е во Париз
Вревата
Како расте
Во Индија тревата
Главен кој е во Шведска
Сето тоа собира
Љубопитна глава детска
Знае Јоцо зошто
Денот е ден
А ноќта ноќ
Знае знаењето
Е сила и моќ.

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

🌺 КРЕВЕТ-ЦВЕТ 🌺За секое детеНа овој светНекаде растеКревет-цветНа него чекаПостела мекаПриспивна песнаШтурчо диригираСо ...
19/02/2021

🌺 КРЕВЕТ-ЦВЕТ 🌺

За секое дете
На овој свет
Некаде расте
Кревет-цвет
На него чека
Постела мека
Приспивна песна
Штурчо диригира
Со палка лесна
Детето мижи
И за час
Ги снемува
Неговите грижи
Слатко спие
Исто како во
Вашето дома вие.

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

🐓 ПЕТЕЛ СО ВРТОГЛАВИЦА 🐓И се жали петелотна наша Славицамногу страдал одвртоглавица.- Тешко ми е,провев ме убиод сите ст...
17/02/2021

🐓 ПЕТЕЛ СО ВРТОГЛАВИЦА 🐓

И се жали петелот
на наша Славица
многу страдал од
вртоглавица.
- Тешко ми е,
провев ме уби
од сите страни...
и почна да реди
триста маани.
Славко ѝ рече
на Славица
по повод оваа
вртоглавица:
- Белки на г-динот петел
од нашата медицина
живеачката ќе му
биде пофина.
- Диши, не диши...
петлу, зини ...
ко да си од челик,
толку си јак...
и да не си нѐ викнал
за ништо пак.
Петелот од
радост блесна
и ја кукурикна
најновата песна.

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

😡🗯 СКАР ПЕСНА 😡🗯- Скар тебе! - рече тој- Скар и тебе. - рече таа.-Е, ама мојот скар е поголем од твојот.- Не, туку обрат...
15/02/2021

😡🗯 СКАР ПЕСНА 😡🗯

- Скар тебе! - рече тој
- Скар и тебе. - рече таа.
-Е, ама мојот скар е поголем од твојот.
- Не, туку обратно, поголем е мојот.
-Епа, за да провериме,
ајде да ги мериме.
И застанал едниот скар,
што личел на расеан библиотекар,
до него, вториот скар,
небаре разбушавен аптекар.
И, се мереле, мереле, мереле...
И - ништо. Не се измериле.
А , кој скар е поголем?
Е тоа е проблем.
И продолжиле, уште се мереле,
а други деца од наоколу се береле,
едни коментирале, дискутирале, пееле,
други се проѕевале, задевале...
па сите се разиграле.
И така, од двете скар,
што се ѕвереле и што се мереле
и кој е поголем трепереле,
сама од себе, се измисли нова игра:
“мерење скар“,
Па сега, секое дете избира што да биде:
банкар, зелкар, чавкар, млекар...

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

💟 ДВЕ ДЕЧИЊА, ДВЕ САКАЛЧИЊА 💟Таму ма..., лево од Пчиња, две дечиња,биле две мали, а големи, сакалчиња.Сакале сѐ, секого ...
14/02/2021

💟 ДВЕ ДЕЧИЊА, ДВЕ САКАЛЧИЊА 💟

Таму ма..., лево од Пчиња, две дечиња,
биле две мали, а големи, сакалчиња.
Сакале сѐ, секого и сешто
и тоа им било малку,
па сакале уште по нешто.
Што?
На примерски, сакале
сакалчињата
сѐ што е во морињата.
Го сакале и сѐ
она што е околу нив,
зелено ако е, или црвено,
па и со боја сина,
а ги сакале и...
- Сите до еден?
- Не ме прекинувај.... да.
Значи, и со боја сина,
сите до еден, високи луѓе,
одовде до Кина.
Ги сакале и ламите
натоварени со саламите,
лошите што ги мразеле бруцошите,
ги сакале камбаните,
а особено бананите,
јазовците и игуаните.
Ги сакале левите страни,
темната страна на Месечината,
долгите тунели во планината.
Ги сакале принцез-воздишките
и во Штип бишките.
Омилени им биле
мечтите на папагалите,
пирамидите, особено скалите,
знаеле да сакаат високо, брзо
со и без нервоза... сакале и
една тронога коза.
Ги сакале кокичињата, мачињата,
симит погачите,
по математика задачите,
синевината небесна,
стражата почесна,
сакале многу кога темнината
ќе загубела со 5:0 од светлината.

Сакале вишокот на својата љубов
со вас да ја делат,
и затоа, ги тераат, за љубовта, вакви ко мене, да мелат, мелат...

Ванчо Полазаревски
Илустрација: Наташа Костовска

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Буфко posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share