18/08/2026
📢 ПОЧИТУВАНИ КЛИЕНТИ, ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Сакаме да ве информираме дека не продаваме само бекатон плочки – ние сме професионални изведувачи за монтажа на бекатон.
🔨 Работиме на два начина:
Само работна рака – со ваш материјал.
Комплетна изведба со наш материјал – цените започнуваат од 20 € по м², а крајната цена зависи од теренот, подготовката, моделот и видот на бекатон плочките.
📍 СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА
За Скопје и околината можеме да понудиме комплетна услуга со наш материјал по наведените цени.
🚚 НАДВОР ОД СКОПЈЕ
Надвор од Скопје работиме само работна рака, односно материјалот го обезбедува клиентот. Причината е едноставна – материјалите ги набавуваме од Скопје, а транспортот значително ја зголемува цената и на бекатон плочките и на останатиот материјал.
Цената за работна рака надвор од Скопје е малку повисока поради патните трошоци, транспортот на алат и секојдневното патување на нашата екипа.
✅ Коректна работа
✅ Професионална монтажа
✅ Договорена цена според теренот и моделот
✅ Скопје и околината – можност за комплетна изведба со наш материјал
За точна цена, потребно е да го видиме местото и да го одберете моделот на бекатон плочките.